Џенифер Анистон на мета на Харви Вајнштајн: Треба да се убие!

486 прегледи

Харви Вајнштајн е хиливудски продуцент кој во текот на три децении малтретирал и сексуално напаѓал десетици, можеби и стотици жени, а му се судеше само за едно силување и едно злоставување.

Наодамна, неговото судење беше завршено и Харви бил прогласен виновен за двете дела, по што колабирал во судницата.

Него го чека казна затвор до 29 години, а на денешното појавување на суд неговите адвокати бараа да не добие повеќе од пет години, бидејќи е стар и болен и тоа за него би претставувало „смртна казна“.

Тие истакнаа дека тој до сега доволно пател, изгубил се шо имал како и угледот кој го градел со години.

Во документите од судењата против Вајнштајн, кој има преку 1000 страни, како што пренесуваат странските медиуми, се наоѓа и една преписка од еден мејл во кој Харви напишал: Треба да се убие Џенифер Анистон.

Тој тоа наводно го напишал откако слушнал дека ѕвездата од серијата „Пријатели“ го обвинила дека и неа ја малтретирал, што портпаролката на Џенифер го демантирала и истакнала дека тој никогаш не се нашол во прилика да биде сам со неа за да може да ѝ наштети.

Анистон и Харви соработувале во 2005 година на филмот „Derailed“, а минатата година во едно интервју таа раскажала една непријатна случка во еден ресторан. Харви влегол и барал да седне покрај неа и рекла дека тој цела вечер се однесувал некултурно, како „некоја свиња“.

Џенифер тогаш раскажала и дека во една прилика кога била во Лондон, на снимање на филм, тој се обидел да ја натера да носи фустан од брендот на неговат тогашна сопруга Џорџина Чапман, што таа одбила да го направи.

Инаку, Харви од првиот ден ги негираше обвинувањата, бранејќи се дека тој само сакал „да ја подобри положбата на жените во филмската индустрија“.

Слични содржини