Актерката Џенифер Анистон долги години има проблеми со спиењето, од несоница до месечарење и до проблеми во сон.
Џенифер проговори за проблемите со спиењето за магазинот People.
„Мислам дека тоа започна некаде во моите триесетти или дури и порано, но едноставно не ги забележувате ефектите од лишувањето од сон кога сте млад. Потоа го прифатив тоа, а потоа одеднаш сфатив дека тоа влијае на мојот ден, работа, функционирање и изглед“, рекла популарната актерка, опишувајќи како порано поминувала часови обидувајќи се да заспие:
„И колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам“.
Ѕвездата од серијата „Пријатели“ имала проблеми и со месечарењето, кое со текот на времето престанало.
„Се знаеше дека го правам тоа. Ме будеа алармите во куќата што ќе ги вклучев пре да легнам. И мислам дека повеќе не го правам тоа затоа што не сум толку лишена од сон како бев во таа фаза“, рекла Џенифер.
Таа долго време го одложувала барањето лекарска помош бидејќи мислела дека проблемите со спиењето не се толку важни.
Но, пред неколку години сфатила дека несоницата може да биде сериозен проблем и дека мора да бара решение.
„Тоа стана нешто со кое навистина се борев и се борев. За да бидете здрави, треба да јадете правилно, да вежбате и да спиете. А ако не спиете доволно, нема да имате сила да вежбате, ниту да ги направите правилните избори во однос на исхраната“, рече актерка.
Кога побарала помош, добила бројни корисни совети и решенија за овој проблем, па денес спие, се опушта, се истегнува или прави јога и не го користи телефонот.
Исто така, според советите на докторот, таа се обидува да легнува секоја вечер во исто време, што, како што признала, понекогаш е многу тешко.
„Спијам со моите три кучиња во мојот кревет. Тоа ми е премногу пријатно“, додаде Анистон.