Џенифер Анистон: Се чувствувам изолирано, губам контакт со реалниот свет

од Elena Daskalova
362 прегледи

Џенифер Анистон често е тема во медиумите, кога поради нејзината работа, кога поради профилот на Инстаграм, но и кога открива детали од својот приватен живот.

Овојпат 50-годишната актерка, во интервју за „Гламур“ ги откри сличностите меѓу неа и ликот кој го глуми во серијата „The Morning Show“. Џен открила дека често се чувсвува изолирано и дека е на раб да го изгуби допирот со реалноста.

„Понекогаш се чувствувам осамено. Не ме сфаќајте погрешно, сакам да сум дома, таму се чувствувам најсигурно. Но, ако останам предолго, се изолирам и чувствувам дека почнувам да го губам допирот со реалниот свет“, изјавила таа, покажувајќи дека и покрај големата популарност, таа е човек со емоции, но и свои лични проблеми, како и сите други луѓе во светот.

Слични содржини