Џенифер Анистон споделила слика од српската премиерка Брнабиќ

од Nikola Popovski
504 прегледи

Познатата актерка Џенифер Анистон објави на Инстаграм фотографии од жени кои се на важни општествено-политички позиции во светот. Меѓу нив е и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Што се крие зад овој потег на Џенифер?

Таа сакаше да привлече внимание на тоа колку се важни жените за светот во кој живееме и, како што нагласи, не само што се „дел од промената“, туку и „тие лично го менуваат светот“, па така нејзината порака со објавата на Инстаграм гласи – зајакнување на жените и промена на светот.

„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние отпорни на промени, промената секако се случи“, објасни Џенифер.

Актерката така ги собра Ана Брнабиќ, првата жена премиер во Србија, потоа Ангела Меркел, канцеларката на Германија, како и водечките жени на Шкотска, Норвешка, Словачка, Данска… На списокот е и Јасинда Ардерн, премиерката на Нови Зеланд.

Анистон не ја заборави Камала Харис, новата потпретседателка на САД, но и младата активистка Грета Турнберг.

Слични содржини