Пејачката и актерка Џенифер Хадсон беше прогласена за шоумен на годината на наградите „Имиџ“ на Националната асоцијација за унапредување на обоените луѓе (NAACP). Прифаќајќи ја нејзината награда, таа и се заблагодари на организацијата што „инспирира мали девојчиња како неа“.
Ѕвездата победи во конкуренција на Реџина Кинг, Лил Нас Икс, Меган Д Стелион, Тифани Хадиш.
Хадсон ја глумеше Арета Френклин во Respect. Поради улогата, таа се запознала со легендарната пејачка во 2007 година, набргу по освојувањето на Оскар за „Сонувачи“.
Џенифер Хадсон е добитничка и на Греми награда.
„Ова е за наследството на г-ѓа Френклин“, рече таа претходно на церемонијата кога ја освои наградата за најдобра актерка.
Настанот беше пренесуван во живо, при што некои од познатите личности учествуваа лично, други се вклучија виртуелно. Сепак, немаше публика.