Пејачката и актерка, Џенифер Лопез (50) за магазинот Hollywood Reporter окрила дека ниту неа не ја заобиколило сексуалното вознемирување во Холивуд, односно обид за истото.
Таа имала незгодна средба со еден режисер кој од неа барал да се соблече.
– Бараше да му ги покаќам градите. А јас му реков дека не сме на сет и дека нема да го направам тоа. Застанав во одбрана на самата себе. Смешно е, бидејќи се сеќавам дека во тој момент почнав да паничам – раскажала Џенифер.
Лопез не била сама во просторијата со режисерот, туку друштво му правела костимографката.
– Ми рече дека тоа е пред друга жена, јас сепак реков не. За среќа, се чини дека растењето во Бронкс, тогаш излезе од мене. Му реков: не морам да ти ги покажувам градите, нема. Можеш да ги видиш на сетот – рекла Џеј Ло.
Режисерот, чиј идентитед не го откри, подоцна се извинил.
– Доколку попуштиш, мислат дека можат да прават што сакаат. Но бидејќи поставив граница и реков не, се повлече и подоцна се извини – рекла актерката.