469
Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна се најде на удар на критики на јавноста и обожавателите кои заклучија дека фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи не покажуваат како навистина изгледа во реалноста и дека се премногу фотошопирани, но таа со последната објава демантираше сè.
Имено, Џеј Ло објави фотографија во бел костим за капење, во кој нејзините облини дојдоа до израз.
Таа позираше без шминка на лицето, а во описот на фотографијата наведе дека недела е ден за грижа за себе.