Џенифер Лопез има нова фризура (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
616 прегледи

Џенифер Лопез (51) реши да ја смени фризурата, а нејзиниот фризер Крис Аплетон покажа како изгледа латино дивата на Инстаграм.

Тој минатата недела објави фотографија од Џеј Ло со шишки. Ова се таканаречените „завеса-шишки“, идеални за сите дами кои размислуваат да ги пуштат шишките, но не се доволно храбри да ги ишишаат на класичен начин.

Овие шишки се пристојни, а фризер за „Гламур“ навел дека фризурата е идеална за овални лица, но добро оди и со кружниот облик на лицето, како и со издолжените бидејќи шишките се стилизираат настрана.

Слични содржини