Новопечениот брачен пар Џенифер Лопез и Бен Афлек продолжуваат да уживаат во убавината на Париз за време на нивниот меден месец. Неодоливите и познати како Бенифер, отишле да го посетат Лувр, а потоа да купуваат во локалните продавници.
Во оваа прилика го издвојуваме шармантното издание на Џеј Ло, која додека се шеташе рака под рака со својот сопруг, воодушеви со својот изглед во миди памучна кошула-фустан од кралско сина боја, дизајнирана од Александар Меквин, која ја истакна нејзината витка фигура и младешки изглед.
Стајлингот е беспрекорно комплетиран со платнена чанта „Диор“ и големи очила за сонце.
Сепак, детаљот кој е пријатно изненадување е нејзиниот избор на обувки со овој фустан – ни се чини дека Џен за прв пат по долго време облекла балетанки! Иако сака платформи и ретко носи рамни чевли, ова е јасен доказ дека на одмор потполно се опуштила и ужива во секој момент од медениот месец.