Актерката Џенифер Лоренс, добитник на „Оскар“, се повреди во експлозија за време на снимањето на сцените за претстојниот филм „Не гледај горе“.
Тоа било планирана и контролирана експлозија што е дел од заплетот на филмот што деновиве се снима во Бостон. Сепак, и покрај претпазливоста, експлозијата одеднаш скрши голема количина стакло, што ја погоди и повреди актерката.
На фотографиите до кои дојде Дејли Мејл се гледа како Лоренс лежи на земја и го држи лицето додека неколку минувачи притрчале на помош за време на снимањето.
Извор од сетот изјави за „Page Six“ дека Џенифер ја погодило стаклото, но дека сега е добро. Во нејзините очи летнале парчиња стакло, но таа се опоравува.
Снимањето на филмот, кој беше окарактеризиран како политички, беше запрен во петокот по инцидентот.