281
Актерот во филмот „300“, Џерард Батлер настрада при рагби натпревар.
Во врска со инцидентот тој самиот соопшти на социјалните мрежи, споделувајќи видео во Инстаграм.
„Настрадав во рагби мечот Шкотска – Ирска. Ирците беа жестоки, но се уште сум горд на моите шкотски момчиња“, пишува Батлер.
Од снимките се гледа дека главата на Џерард е преврзана.