Пејачот Џибони, кој беше близок пријател и соработник со кантавторот Оливер Драгојевиќ реши да открие една интересна анегдота од нивната соработка.
Според него, Оливер за малку ќе останел без својот најголем хит „Цесарица“, откако кучето Луна го изгризало парчето хартија на која бил запишан текстот.
На 7 декември ќе се одржи концерт во чест на Оливер, на денот на неговиот роденден. Многу негови колеги ќе настапат со свои и со песни на покојниот пејач, а во меѓувреме носталгично зборуваат за него.
Џибони открил дека на композиторот Зденко Руњиќ му понудил две песни, „Добри људи“ и „Цесарица“.
„Тој ме праша која ми е подрага, која би ја пеел. Јас ја избрав ‘Добри људи’, а тој мислеше дека ‘Цесарица’ е како за Оливер. Наредниот ден бев кај него, му се допадна, а текстот му го оставив запишан на хартија на клавирот. Потоа отидовме во дневната соба, разговаравме. За тоа време неговото куче Луна го имаше изџвакано листот. Од она што остана и по сеќавање, одново го напишав текстот. Се уште не сум сигурен дали текстот кој го напишав беше истиот со оној кој го изеде Луна“, се присетил Џибони.