Џиџи Хадид ја објави првата фотографија од бебето

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Американскиот модел, Џиџи Хадид пред околу еден месец доби ќерка со својот долгогодишен партнер Зејн Малик. Возбудените обожаватели сега ја добија својата прва семејна фотографија.

Гордата мајка позираше покрај својот партнер Зејн, со кој го доби бебето пред еден месец, а која на фотографијата нежно го држеше своето чедо.

Сите тројца биле соодветно маскирани и со тоа го прославиле еден од омилените американски празници – Ноќта на вештерките.

Иако сега конечно ја објави својата наследничка, Џиџи сè уште не го кажала на јавноста името на девојчето.

Слични содржини