271
Најмалку пет лица загинаа во вооружен конфликт денеска во Кабул, соопштија талибанците.
Убиени се двајца талибански полицајци и тројца напаѓачи од Исламската држава (ИД).
Авганистанската полиција соопшти дека полицијата извршила рација во засолништето на припадници на ИД.
Ранети се четворица полицајци, а еден од напаѓачите е уапсен.
Исламската држава претставува најголем безбедносен предизвик за Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан во август минатата година.
Фото: Stringer / Sputnik / Profimedia