357
Првата дама на САД Џил Бајден и сопругата на романскиот претседател Кармен Јоханис денеска разговараа во средно училиште во Букурешт со бегалци, мајки и професори од Украина.
Украинските мајки им објасниле на сопругите на претседателите на двете земји за тешкотиите низ кои поминале од почетокот на војната до доаѓањето во Романија, нагласувајќи ја помошта на романскиот народ, пренесе „Аџерпрес“.
Посетата на американската прва дама на Романија е дел од четиридневното патување во кое е вклучена и Словачка и ја покажува посветеноста на САД во помошта на украинските бегалци.