Џил Бајден со својот стајлинг испрати важна порака (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
454 прегледи

Џил Бајден со својот стајлинг испраќа порака за љубов, додека го придружува нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џозеф Бајден, во странство.

Првата дама на САД носеше црн блејзер со натпис „љубов“ на грбот кога таа и претседателот на САД се сретнаа со британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Џонсон, објави АП.

Таа го носеше истиот блејзер пред повеќе од две години кога започна претседателската кампања на Бајден.

„Ние носиме љубов од Америка”, им рече таа на новинарите, објаснувајќи ги своите модни избори.

– Ова е глобална конференција и ние се обидуваме да воспоставиме единство низ целиот свет и мислам дека е потребно сега, луѓето да почувствуваат единство од сите земји и да чувствуваат надеж по оваа година на пандемија- посочи таа.

Слични содржини