Џим Кери ги продаде своите акции на „Фејсбук“ и ги повика другите да го следат неговиот примерот

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Американскиот актер Џим Кери го напушта „Фејсбук“ и ги продава своите акции во компанијата, откако повика сите останати да го следат неговиот пример, пишува „CNBC“.

„Треба да поттикнеме поголем надзор од сопствениците на социјалните мрежи“, рече Кери. „Овој лесен пристап треба да се води поодговорно. Она што ни треба во моментов, се инвеститори активисти кои ќе испратат порака дека е потребен одговорен надзор“.

Актерот објави на Твитер дека ги продава акциите на „Фејсбук“ и ја брише страницата во платформата, бидејќи компанијата има заработено од руската интервенција за време на изборите за претседател на САД во 2016 година. Тој ги повика сите „други инвеститори кои им е гајле за иднината, да го сторат истото“.

Кери не кажува колку има акции во „Фејсбук“ и колку продал.

Во твитот на ѕвездата, исто така, фигурира и #unfriendfacebook хаштагот.

Социјалната мрежа призна дека околу 126 милиони лица виделе купени од Русија реклами, кои имале за цел да влијаат на американските избори во 2016 година. Покрај тоа, компанијата соопшти дека нејзините алгоритми препорачувале содржини генерирани од руски агенти.

Првично главниот извршен директор Марк Зукерберг изјави дека идејата „Фејсбук“ да влијае на изборите е „лудост“, но подоцна се извини дека го минимизирал реалниот проблем.

Според зборовите на Кери, САД одамна се радуваат на географската предност, бидејќи се граничат од океан од двете страни.

„Сега социјалната мрежа создаде сајбермостови на кои оние кои не ни мислат најдобро поминуваат, а ние им го дозволивме тоа. Ниту еден ѕид нема да нè заштити од ова“, вели актерот.

„Фејсбук“ не одговори на барањето за коментар.

Слични содржини