Џим Кери повторно сингл

од desk4
346 прегледи

Комичарот и неговата колешка актерка ја започнаа врската додека ја снимаа серијата „Шегување“, каде глумеа љубовна двојка, но според нивни близок пријател пред еден месец ја прекинале врската и за тоа не сакале да зборуваат јавно.
Џим Кери и Џинџер Гонзага за почетокот на врската не зборуваа јавно, туку тоа го откри неговиот портпарил во јануари, а потоа за прв пат беа видени заедно на церемонијата номинации за „Златен глобус“. Потоа во едно интервју Џим не престана да се фали со својата „прекрасна и нежна“ девојка, „неверојатно талентирана“ актерка.
Кери зад себе ги има браковите со актерките Мелиса Вормер и Лорен Холи, а откако неговата поранешна девојка Катриона Вајт почина како резултат на предозираност во 2015 година, немаше ниту една врска, сè до средбата со Џинџер.

Слични содржини