Џиновски дијамант од 1174 карати пронајден во Боквана

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Пронајден е џиновски дијамант од 1.174 карати во Боквана.

Каменот беше пронајден во рудникот Карова минатиот месец и беше презентиран пред владата на церемонија во средината на неделата.

Тоа е третиот дијамант поголем од 1.000 карати што се наоѓа во тој рудник, а сега тие ќе бидат собрани во „вредна колекција врвни дијаманти“, соопшти канадската рударска компанија „Лукара Дајмонд“.

На почетокот на минатиот месец, во Боквана беше пронајден дијамант од 1.098 карати, за кој се верува дека е трет по големина дијамант во светот.

Директорот на компанијата „Лукара“, Насем Лери, оцени дека откритието на овие дијаманти е почеток на правење историја и за компанијата и за Боквана.

Во 2019 година, неговата компанија го откри, како што се верува, вториот по големина дијамант во историјата, тежок неверојатни 1.758 карати.

Во моментов, најголемиот дијамант Кулинан тежи 3.106 карати, кој беше пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Кулинан подоцна беше распарчен на помали парчиња, а некои од нив завршија како британски кралски скапоцен камен.

Слични содржини