Џолев: Надминат бројот на нови предмети, а намален бројот на нерешени предмети

295 прегледи

Во изминатата календарска година, Кривичниот суд го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот од нерешени предмети, што всушност значи дека судот е ажурен, посочи денес претседателот на судот, Иван Џолев.

Џолев оствари средба со претставници на медиумите и невладините организации, и на истата ги сподели последните статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд, па оттаму потенцираше дека изминатата 2020. година, Кривичниот суд започнал со 20 од 380 предмети од претходната година, 43.080 новопримени предмети, односно вкупно 63.460 предмети на кои се работи.

Исто така, претседателот на судот истакна дека за овој период решени се 44 040 предмети, а во работа останале уште 19 420 предмети.

Од старите предмети, што се постари од две години, како што беше речено на брифингот, вкупно во работа имало 3 013 предмети, од нив решени се 2 009 предмети, а останале 1 004 нерешени предмети.

Слични содржини