Џоли бесна, но не поради Џенифер Анистон

654 прегледи

Светот не престанува да зборува за Џенифер Анистон и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Се започна кога холивудскиот заводник вљубено гледаше во неа за време на нејзиниот говор на доделувањето на Screen Actors Guild наградите, а кулминираше ког се сретнаа на црвениот тепих. Иако се чинеше дека Анистон го поздрави и сакала да си отиде, нејзината рака „останала“ на телото на Бред, а тој несакал да ја пушти.

Многумина отворено навиваат за повторен спој на парот, а се што се случува последниве денови не влијае најдобро брз поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли.

Извор близок на холивудската актерка тврди дека Џоли не е лута поради сцената со Анистон, туку поради изјавата на Бред која ги насмеа сите во публиката, но не и пред малите екрани.

– Беше многу тешка улога за мене. Морав да глумам тип кој се фикса, шета без маиза и не се согласува со својата жена. Потполна спротивност на мене – изјави Пит додека ја примаше наградата за улога во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ и наводно ја налутил Џоли.

Анџелина не сака нивниот некогашен однос да се провлекува по медиумите и да стане предмет на шега.

– Таа е навистина бесна, но не поради Џенифер туку поради изјавата на Бред. Се чувствува како тој ни малку да не ја почитува – рекол изворот за Hollywood Reporter.

Слични содржини