Џоли сподели слики од ќерките Захара и Шајло на Инстаграм

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Холивудската актерка Анџелина Џоли ги изненади фановите објавувајќи фотографии од нејзините две ќерки додека читаат на неодамна отворениот профил на Инстаграм, пишуваат медиумите.

Имено, актерката не само што немала никаков профил на социјалните мрежи, туку не сакала јавно да споделува фотографии или информации за децата.

„Ова се омилените книги во нашата куќа. Би сакале да знаеме кои се вашите“, напиша таа покрај фотографиите.

Првата ја покажува 16-годишната Захара Џоли-Пит како го чита романот од Нобеловецот Тони Морисон „Најсиното око“, првпат објавен во 1970 година, а вториот ја покажува петнаесетгодишната Шајло како ја чита „Мрачната дама“ од британскиот рапер, автор, активист, и поет Акала, чие вистинско име е Кингсли Џејмс Меклин Дејли.

Покрај Захара и Шајло, Џоли и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит се родители на 20-годишниот Медокс, 17-годишниот Пакс и тринаесетгодишните близнаци Вивиен и Нокс.

Долгогодишна активистка за човекови права, Џоли го отвори својот профил на Инстаграм во август, со што влезе во историјата како корисничка, која најбргу стигнала до милион фанови.

Слични содржини