Џоли за ситуацијата во Украина: „Рано е да се знае што ќе се случи…“

од Vladimir Zorba
762 прегледи

Како и многумина од вас, се молам за народот на Украина, напиша актерката Анџелина Џоли (46) на социјалните мрежи.

– Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги, е да направам се што е можно за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот – продолжи актерката.

– Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови во потрага по безбедност. Рано е да се знае што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се прецени – додаде таа.

Да потсетиме, актерот Шон Пен (61) моментално е во Киев и снима филм за руската инвазија.

На протестот против руската инвазија на Украина пред руската амбасада во Мадрид се приклучи и колегата Хавиер Бардрем (52).