Американскиот џез музичар Џон Батист води во номинациите за наградата Греми на американската музичка индустрија, пренесе АФП.
Триесет и петгодишниот пијанист и Ар ен Би уметник, Џон Батист има 11 номинации за престижната награда.
По него следуваат Џастин Бибер, Дожа Кат и Х.Е.Р. Секој од нив има по осум номинации, а Били Ајлиш и Оливија Родриго, 18-годишна американска пејачка и актерка, имаат по седум номинации.
Победниците ќе бидат објавени на 31 јануари следната година во Лос Анџелес на 64-тото доделување на наградите Греми, кое ќе се емитува на Си-би-ес и онлајн.