На доделувањето по повод Денот на државноста пристигна холивудскиот актер Џони Деп, кој од претседателот на Србија, Александар Вучиќ доби златен медал за заслуги во областа на културата.
„Овој медал нека биде олицетворение на мојата обврска кон српскиот народ“, рече тој по добивањето на признанието.
Тој ги поздрави сите присутни и особено им се заблагодари на оние кои придонесуваат за развојот на културниот живот во Србија.
Познатиот актер се осврна на своето пријателство со Емир Кустурица, кога рече дека штом го видел знаел дека не е за Холивуд и дека искрената врска со него започнала веднаш штом се запознале, а благодарение на кого рекол дека ја запознал Србија.
Посочи дека Кустурица е човек кој го кажува она во што верува и што мисли и дека како таков е автентичен претставник на својот народ.
Истакна дека преку своите ставови, обичаи, отвореност и пријателство научил многу за целиот српски народ.
Деп додаде дека сака да придонесе за развојот на Србија и рече дека „оваа прекрасна земја“ е богата со талентирани млади луѓе и изрази задоволство што имал можност да соработува со нив на полето на уметноста и културата.
Познатиот актер вели дека сега е во нова фаза од животот, која би сакал да ја започне во Србија, и додаде дека ќе направи се што е во негова моќ да придонесе за подобрување на животот, но и за подобрување на уметничката слика на земјата.
На доделувањето му претходеше музичка песна од филмот на Деп „Дон Хуан де Марко“ во изведба на групата НеБо.