Актерот донирал дури 800 илјади долари на добротворни здруженија за деца ширум светот.
Амбер Херд тврдеше дека сите пари што ги добила по разводот со Џони Деп ги донирала на добротворни организации кои имаат потреба, но на судењето било откриено дека тоа не е вистина.
„Беа донирани вкупно 7 милиони долари – ги поделив помеѓу ACLU и Детската болница во Лос Анџелес. Не сакав ништо“, рече Амбер на RTL Late Night во 2018 година.
Сепак, за време на шестнеделното судење со нејзиниот поранешен сопруг, таа призна дека не ја подарила ветената донација, наведувајќи дека како причина за тоа е тужбата на Деп.
Деп сега донирал дури 800.000 долари, поделувајќи ја целата сума на четири организации.
Деп донираше пари на фондацијата на Детската болница во Перт, на детската добротворна организација „Great Ormond Street Hospital“, на „Footprint Coalition“ и на Детската болница во Лос Анџелес.
Да потсетиме дека Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за напис во Вашингтон пост од 2018 година, во кој Амбер се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Иако не го именуваше Џони, јасно е дека мислеше на него.
По шестнеделно судење, поротата ја донесе пресудата во корист на Деп.
Фото: GETTY