Џони Деп се појави во кошула во каубојски стил и црни кожени панталони за време на 19-от филмски фестивал Алиса Нела Цито во Рим во неделата.
Актерот (58) се ракуваше со ентузијастичките обожаватели на улица и направи неколку фотографии. Потоа позираше на црвениот тепих, по што влезе во салата каде учествуваше во разговор на тема неговата професија.
Овој изглед доаѓа откако Деп присуствуваше на прикажувањето на неговата нова ТВ серија „Пуфинс“ во текот на денот на друг настан на црвениот тепих.
⭐ JOHNNY DEPP ⭐It's so adorable🥰😍
Grazie: @Alicenellacitt @romacinemafest @ILBEgroup #puffins_official#JohnnyDepp #JusticeForJohnnyDepp #WeAreWithYouJohnnyDepp #SupportJohnnyDepp #WeStandWithJohnnyDepp#alicenellacittà #romacinemafest #RomaFF16 pic.twitter.com/rAQEMdi8vQ— El Universo Depp (@UniversoDepp) October 18, 2021
Ова е најновиот професионален потег на контроверзната sвезда, која неодамна тврдеше дека неговата кариера е оштетена од ширењето на „културата на откажување“.
Деп претходно тврдеше дека е жртва на културата на откажување, предупредувајќи дека „никој не е безбеден“ и ги повика погодените да се спротистават.
Неговата поранешна сопруга Амбер Херд поднесе барање за развод во 2016 година, обвинувајќи го за вербална и физичка злоупотреба, а таа сведочеше во Лондон. Деп ја загуби улогата во франшизата „Фантастични sверови“ по случајот.
Говорејќи во шпанскиот град Сан Себастијан, пред да добие почесна награда на филмскиот фестивал минатиот месец, тој рече дека ситуацијата е „надвор од контрола“.
Во јули 2020 година, тој го загуби случајот во Високиот суд во Лондон, откако весникот „Сан“ го опиша како „тепач на жени“, а тој ги тужеше.