Џони Деп и го спаси животот, а таа застана на страната на Амбер Херд

од Nikola Popovski
433 прегледи

Кортни Лав тврди дека била најомразената американска пејачка. Открила дека Џони Деп ѝ го спасил животот откако се предозирала.

Според Кортни, актерот и помогнал во најтемниот период во животот, кога ја ставила својата ќерка во непријатна положба.

„Тој ми даде прва помош откако се предозирав пред клубот Viper Room во Калифорнија. Бев зависник од хероин. Тоа се случи во 1995 година. Социјалните служби и помогнаа на ќерка ми Френсис да го преброди тој период. Џони напиша писмо на четири страници и се обиде да ја утеши. Тоа го направи на нејзиниот 13-ти роденден. Јас и тој тогаш не се познававме добро“, изјавила пејачката.

Кортни истакнала дека актерот испратил лимузини за Френсис и нејзините пријатели, додека социјалните работници доаѓале во училиштето.

Сега кога Џони е во тешка ситуација поради тужбата со поранешната сопруга Амбер Херд, Кортни нагласи дека не е на ничија страна, но од друга страна сепак ја поддржала актерката.

„Бев најомразената жена во Америка, односно во светот, многу пред да се појави ТикТок. Разбирам како се чувствува Амбер. Можете ли да замислите дека сте на нејзино место“, рекла пејачката, пренесуваат странските медиуми.

Овој нејзин коментар наиде на бројни осуди, па Кортни додала:

„Сакам да бидам неутрална. Нема да вознемирувам никого. Доволно сум малтретирана во текот на мојот живот“.

Фото: Shawn Thew / Picture Alliance

Слични содржини