290
Западните медиуми дознаваат дека 57-годишниот актер Џони Деп има нова љубов – жена 24 години помлада од него.
Холивудскиот актер бил забележан во еден хотел во Лондон во друштво на 33-годишната германска манекенка Софи Херман, пренесува „Дејли мејл“.
Очевидци за печатот изјавија дека Деп изгледал „многу среќен“. Репортерите дознаа дека манекенката живее во Лондон, а Џони пристигна таму за снимање филм.
Двојката се запознала на почетокот на 2020 година, а токму Софи ја презела иницијативата. Таа го запишала својот телефонски број на парче хартија и тајно го ставила во гитарата на Џони. Актерот потоа и се јавил, а првично биле ограничени само до комуникацијата на далечина, но сега одлучиле да се зближат.