258
Холивудскиот актер Џони Деп денеска сведочеше со намера да го побие сведочењето на неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, во нивната мултимилионска тужба за клевета, велејќи дека наводите за злоупотреба што таа ги упатила против него се „незамисливо брутални, сурови и лажни“.
Се наведува дека тимот на Деп го повикал актерот да сведочи по обвиненијата за повеќе случаи на физичка и сексуална злоупотреба пред и за време на нивниот краток брак.
На судењето во Вирџинија, каде завршниот збор е закажан за петок, ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ ја тужи својата поранешна сопруга за 50 милиони долари, велејќи дека го наклеветела кога рекла дека е жртва на семејно злоставување, пренесува „Ројтерс“.