Џонсон бара ослободување на Проташевич

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон побара итно ослободување на белорускиот опозиционер Роман Проташевич, кој беше уапсен по наредба на Минск, оценувајќи дека видеото објавено од белоруските власти е „многу болно за гледање“.

„Многу е болно да се гледа видеото од Роман Проташевич. Како новинар и страствен поддржувач на слободата на говорот, барам негово итно ослободување“, напиша Џонсон на Твитер, предупредувајќи ги белоруските власти за последиците од апсењето на Проташевич.

Во неделата, белоруските власти го пренасочија ирскиот патнички авион „Рајанер“ кон Минск на пат од Атина кон Вилнус, наводно поради закана за бомба, и го уапсија опозицискиот активист и новинар, 26-годишниот Роман Проташевич. Уапсена е и неговата девојка, која има руско државјанство.

Синоќа, белоруската телевизија емитуваше видео од младиот човек, снимено во затвор во Минск, во кое тој признава дека организирал „немири“ во земјата.

ЕУ усвои нов пакет санкции против режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.