Британскиот премиер Борис Џонсон го коментираше вчерашниот инцидент со британскиот разурнувач „Дефендер“, велејќи дека бродот пловел во согласност со законот, бидејќи официјален Лондон не ги признава територијалните претензии на Русија кон Крим.
Како што рече, водите во кои британскиот брод се наоѓал во Лондон ги смета за украински.
Тој се осврна и на билатералните односи меѓу Лондон и Москва, велејќи дека тој лично не смета дека тие се на најниско ниво, бидејќи, како што оцени, во тоа време било далеку полошо.
Како што соопшти вчера руското Министерство за одбрана, руската Црноморска флота заедно со граничната служба на ФСБ во средата испукале три предупредувачки истрели со цел да спречат британскиот разорувач да ја наруши руската државна граница.