206
Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека доколку рускиот претседател Владимир Путин беше женско, не би ја нападнал Украина.
„Да беше Путин женско, што очигледно не е, но да беше, мислам дека немаше да влезе во оваа луда, мачо војна и насилство, како што направи“, рече Џонсон.
Тој за германската телевизија ЗДФ по самитот на Г7 во Германија изјави дека она што Путин го прави во Украина е „совршен пример за токсична машкост“, пренесе „Танјуг“.
Британскиот премиер додаде дека се залага за поголемо учество на жените на позициите на моќ.