Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, денеска изјави дека лидерите на Групата седум најразвиени земји во светот (Г7) работат на изнаоѓање начин да ѝ дозволат на Украина да го извезува своето жито.
„Клучната порака што светот треба да ја слушне е дека западните санкции не го спречуваат житото да ја напушти Украина, тоа го прави рускиот претседател Владимир Путин“, рече Џонсон, пренесува Би-би-си.
Според британскиот премиер, се додека Путин го држи житото „како заложник“, ќе биде многу тешко.