Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата попладне драматично ги смени плановите за претстојните празници за милиони луѓе во Велика Британија поради новиот вид на коронавирус што го откриле минатата недела во повеќе од 60 градови, пренесува Дејли мејл.
На вонредна прес-конференција, Џонсон рече дека една третина од Англија, вклучително и Лондон, ќе биде вклучена на мерките на ниво 4 од полноќ.
Ова значи дека сите продавници кои не продаваат неопходни работи, како храна и средства за хигиена, се затворени, патувањето е ограничено, а „меурчињата“ се укинуваат, односно можноста луѓето од различни домаќинства да се дружат во текот на петте дена за време на празниците.
Во остатокот од Англија, на луѓе од најмногу три домаќинства ќе им биде дозволено да се дружат за време на овие празници.
Новите мерки предизвикаа гнев кај голем број граѓани, имајќи предвид дека некои веќе резервирале патувања, купиле намирници за големи прослави …