Џонсон го покани Ѓукановиќ на Самитот на светските лидери

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, го покани црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ да учествува на Самитот на светски лидери на почетокот на ноември, со која ќе се започне 26-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP26) во Глазгов.

„Светот гледа и светот чека. Затоа, придружете ми се на Самитот на светски лидери, што се одржува на 1 и 2 ноември, и е отворен само за шефови на држави и влади. Се радувам што ќе ве пречекам во Глазгов и очекувам да соработувам со вас за да ја осигураме амбициозната, трајна и ефективна промена што ја очекува нашиот народ, а нашата планета ја заслужува“, рече Џонсон, објави РТЦГ.

Британскиот премиер предупреди дека секоја нација на земјата, на еден или друг начин, ќе ги почувствува последиците од климатските промени и оцени дека затоа водачот на секоја нација има улога во борбата против овие промени.

„Само со обединување можеме да ги преземеме потребните активности за заштита на животната средина, развој на нашата економија и постигнување резултати за нашиот народ. COP26 доаѓа во пресвртна точка во борбата против климатските промени. Бидејќи многу нации веќе страдаат од повисоки температури и зголемувањето на нивото на морињата, имаме само најтесен прозорец за ограничување на порастот на глобалните температури на 1,5 степени Целзиусови“, се вели во писмото на Џонсон.

Слични содржини