125
Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави постигнатиот договор меѓу Турција, Шведска и Финска, кој овозможи пристап на двете скандинавски земји во НАТО.
„Им честитам на Финска, Шведска и Турција за потпишувањето на трилатералниот меморандум. Тоа е клучен чекор за НАТО да ги покани Финска и Шведска, што ќе ја зајакне нашата алијанса и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност и одличен начин за почеток на самитот“, напиша Бајден на Твитер синоќа.
Шефовите на делегациите на трите земји синоќа по средбата во Мадрид потпишаа заедничка изјава во која, меѓу другото, се наведува дека Турција ќе го поддржи приемот на Финска и Шведска во Алијансата на самитот на НАТО во Мадрид.