До 400 милиони дози вакцини протиц ковид-19од Џонсон и Џонсон ќе бидат испратени во земјите од Африканската унија, соопшти американската фармацевтска компанија.
Според договорот, 220 милиони дози серум, администрирани во една инјекција, ќе бидат дистрибуирани до 55 земји-членки на Африканската унија, а испораките ќе започнат во третиот квартал на 2021 година.
Доколку се оцени дека е потребно, тие земји ќе можат да нарачаат 180 милиони дополнителни дози, вкупно 440 милиони дози вакцина „Џонсон и Џонсон“ до 2022 година.
„Работиме на фер и меѓународен пристап кон вакцината ковид-19“, рече во изјавата Алекс Горски, извршен директор на американската компанија.
Во јануари, Џонсон и Џонсон објавија дека нејзината вакцина е 66 проценти ефикасна против ковид-19.