„Џонсон и Џонсон“ објави КОЛКУ заработила од вакцините само во првиот квартал

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“, чија вакцина против ковид 19 беше запрена минатата недела за да се провери извештајот за ретки случаи на згрутчување на крвта, денес објави дека продажбата на таа вакцина во првиот квартал изнесувала 100 милиони долари.

Компанијата претходно објави дека нејзината вакцина против коронавирус ќе биде достапна на непрофитна основа до крајот на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Овој производител сега очекува профит за целата година, на прилагодена основа, од 9,42 до 9,57 долари по акција во однос на претходната прогноза од 9,40 до 9,60 долари по акција, бидејќи продажбата на лекови против рак придонесе кварталниот профит да се зголеми за скоро 7,0 проценти.

Само заработката на фармацевтскиот сектор на компанијата се искачи на 6,20 милијарди долари или 2,32 долари по акција во првите три месеци од тековната година, од 5,80 милијарди долари или 2,17 долари по акција една година порано.

Американските регулатори минатата недела престанаа да ја користат вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против ковид за да ги испитаат извештаите за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле.

Слични содржини