Американскиот дистрибутер на лекови Мексон денес соопшти дека започнал со дистрибуција на вакцината Џонсон и Џонсон против ковид-19.
Вакцината стана третата одобрена вакцина ковид-19 во САД за време на викендот, по едногласното одобрување на надворешни експерти од Администрацијата за храна и лекови во петокот, според Ројтерс.
Мекесон е партнер за дистрибуција на вакцини против ковид-19 на американската влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција што ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцини Џонсон и Џонсон.
Владата на САД донесува административни одлуки, вклучително и каде, кога и колку дози од вакцината ќе распредели Мекесон, соопшти компанијата.
Првичните испораки на вакцината треба да започнат утре, изјавија високи претставници на администрацијата на Џо Бајден.