Џонсон: Не е време да се зборува за референдум во Шкотска

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, не верува дека сега е време да се зборува за уште еден референдум за независност на Шкотска, изјави денеска неговиот портпарол.

„Ова не е нешто за што премиерот верува дека јавноста сака било која влада да биде фокусирана во време кога постојат значителни предизвици што ги засегаат“, рече тој, пренесува „Ројтерс“.

Шкотската премиерка Никола Старџен претходно денеска изјави дека наскоро ќе даде повеќе детали за тоа како националниот парламент би можел да продолжи да организира нов референдум за независност без согласност на британската влада.

Слични содржини