Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави денеска дека по „Брегзит“ ќе се воспостави трговски договор со Европската унија.
„Договорот е таму, треба да се стави крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст во врска со трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери“, рече Џонсон, цитиран од Ројтерс.
Британскиот премиер вели дека договорот е близу.
„Треба само да се фатиме за работа и да го дадеме максимумот. Зборував со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во саботата. Таа целосно се согласува со мене“, изјави Џонсон.
По повеќемесечни разговори за договор за трговија меѓу ЕУ и Велика Британија, од можни квоти и тарифи, двете страни допрва треба да ги надминат значајните разлики во најмалку две големи пречки.
Секој договор треба да се постигне до средината на ноември за да се овозможи ратификација, при што некои компании се надеваат дека временскиот притисок и корона-кризата во поголем дел од Европа би можеле да ги доведат преговарачите да избегнат прекини на крајот на годината.
Главните преговарачи, ЕУ Мајкл Барние и британскиот Дејвид Фрост, ќе ги продолжат разговорите во понеделник во Лондон за „двојно да ги зголемат напорите за постигнување договор“, соопштија од Кабинетот на Џонсон.