Џонсон одговара на скандалите со хитот „I Will Survive“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон деновиве е на удар на јавноста поради низа политички скандали, а на прашањето дали ќе го преживее сето тоа, премиерот наместо да одговори го испеа познатиот хит на Глорија Гејнор.

„Со длабок глас, полека и намерно ми ја испеа „Ќе преживеам“ ( I Will Survive). Деведесет проценти од нашиот разговор беше многу сериозен, но тој е таков карактер и мора да има некоја шега“, изјави за порталот „Golwg360“ Гуто Хари, кој од саботата е нов директор за комуникации во владата на Борис Џонсон.

Хари е поранешен новинар на Би-Би-Си, а работи за Џонсон уште додека британскиот премиер беше прв човек во Лондон.

Хари истакна дека по диско-хитот, „добро се изнасмеале“, но потоа седнале и имале сериозни разговори „за тоа како да се врати владата на вистинскиот пат и како да се оди напред“.

Петмина соработници го напуштија Џонсон минатата недела, од кои тројца поради забавата во резиденцијата на британскиот премиер за време на карантинот што важеше за сите Британци. Хари е еден од првите новоименувани луѓе, по шефот на кабинетот Стив Баркли.

Слични содржини