160
Британскиот премиер Борис Џонсон разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и му рече дека поддршката на Обединетото Кралство нема да престане, без разлика кој ќе ја преземе функцијата на негово место и ја поздрави веста за договорот за обновување на украинскиот извоз на жито со посредство на ОН.
Портпаролката на Даунинг стрит рече дека Зеленски му се заблагодарил на премиерот за неговата одлучна поддршка за Украина, како и за неговите убави зборови во последното обраќање во парламентот, пишува „Гардијан“.
Британскиот премиер ги истакна сите неодамнешни чекори што неговата земја ги презеде за зајакнување на украинскиот отпор, вклучително и обуката на илјадници украински војници во Обединетото Кралство.