Џонсон предупредува: Не знаеме колку е цврста одбраната од новиот бран

263 прегледи

Велика Британија сè уште не знае колку ќе биде силна нејзината одбрана од идните бранови на Ковид 19, и покрај успехот на вакцинацијата, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„Вакцинацијата беше многу импресивна благодарение на сите што имаат удел во тоа, но она што не го знаеме е колку се точни нашите утврдувања сега, колку е силна одбраната од вториот бран“, предупреди Џонсон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Британскиот премиер рече дека се надева оти нема да мора да се воведе нова блокада во Англија, под услов јавноста да ги почитува правилата и доколку вакцините против вирусот корона продолжат да бидат ефикасни.

– Се надевам дека во моментот не гледам ништо во податоците што би довело до отстапувања од патната мапа, но мора да останеме скромни пред природата и мора да бидеме подготвени да сториме се што е потребно за да ја заштитиме британската јавност – рече Џонсон.

Слични содржини