Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави денеска дека нема место за антисемитизам во британското општество и дека Евреите во земјата не смеат да бидат жртви на „срамен расизам“, пренесе Ројтерс.
– Во нашето општество нема место за антисемитизам. Во пресрет на (еврејскиот празник) Шаут, стојам покрај британските Евреи кои не смеат да бидат жртви на срамен расизам, како што видовме денес – објави Џонсон на Твитер.
Тој не прецизираше на кој инцидент мисли.
Видео објавено на Интернет порано денес покажува колона автомобили со палестински знамиња како минуваат низ северен Лондон и емитуваат антисемитски пораки преку мегафон.
Лондонската полиција соопшти дека се запознаени со случајот.
– Офицерите спроведуваат итна истрага за да ги идентификуваат одговорните. Таквото однесување нема да се толерира – се наведува во соопштението на полицијата.