214
Британскиот премиер Борис Џонсон вети денеска дополнителен пакет воена помош за Украина за време на неговата посета на Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Денот на независноста на Украина.
Според соопштението од кабинетот на Џонсон, пакетот од 63,5 милиони долари ќе вклучува 2.000 беспилотни летала за да и се овозможи на украинската војска подобро да ги следи и да ги гаѓа руските сили, објави Ројтерс.