Британскиот премиер Борис Џонсон денеска им порача на членовите на кабинетот дека треба да започнат пазарни реформи на страната на понудата, со цел да се намалат трошоците за потрошувачите и за владата и им се заблагодари на неговите високи министри за поддршката што ја освои на гласањето за доверба во парламентот.
„Ние, како министри од Конзервативната партија, мора постојано да бидеме убедени дека иницираме реформи и ја подигаме вредноста во секоја фаза од нашата работа“, нагласи Џонсон во своето обраќање до неговиот кабинет, пренесува „Ројтерс“.
„Сега можеме да подвлечеме линија под прашањата што нашите противници сакаат да ги дискутираат и можеме да продолжиме да зборуваме за она што мислам дека луѓето во оваа земја сакаат да го имаат“, рече тој.