Џонсон со порака до антиваксерите: Доста е со глупости

од Берта Китинска
890 прегледи

Премиерот на Обединетото Кралство денеска ги обвини антиваксерите дека зборуваат глупости кога се во прашање вакцините против Ковид.

Тој рече дека оние кои шират погрешни информации на социјалните мрежи се „целосно грешат“, пренесе Би-Би-Си.

-Сакам да им порачам на антиваксерите, на луѓето кои пишуваат глупости на социјалните мрежи – целосно грешите. Досега не сте слушнале да го кажам ова, бидејќи мислам дека е важно да имаме доброволен пристап во оваа земја и тоа ќе го одржиме, рече Џонсон, алудирајќи дека Британија нема да воведе задолжителна вакцинација.

Тој посочи дека некои европски колеги се одлучуваат за „принудени“ решенија.

-Антиваксерите целосно грешат, време е власта да им го сврти вниманието на тоа што го прават. Апсолутно е погрешно, контрапродуктивно, се што ставаат на социјалните мрежи е глупост, изјави Џонсон.

Тој откри дека околу 30 до 40 отсто од 17.000 пациенти во британските болници поради ковид „не биле вакцинирани во ниедна доза“.

Слични содржини