Сцените на врзани тела снимени од непосредна близина на улиците на украинскиот град Буча „не ми изгледаат далеку од геноцид“, изјави во средата британскиот премиер Борис Џонсон.
Убиствата во Буча во близина на Киев предизвикаа глобален гнев и ветувања за дополнителни санкции на Западот кон Русија.
„Кога ќе погледнете што се случува во Буча, наодите што ги гледаме од она што (рускиот претседател Владимир) Путин го направи во Украина, што не ми изгледа далеку од геноцид, не е ни чудо што луѓето реагираат како што реагираат“, изјави Џонсон за новинарите.
„И не се сомневам дека меѓународната заедница – со Британија пред сè – повторно ќе се придвижи кон воведување повеќе санкции и повеќе санкции за режимот на Владимир Путин“, додаде тој.
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид изјави во средата дека светот мора да ги сопре масовните убиства во Украина, споредувајќи ги извештаите за убиствата на цивили во Украина со геноцидот во Босна и Херцеговина во 1995 година.